Американската политичарка Пелози почнува Блиско источна турнеја | Вести | DW | 02.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Американската политичарка Пелози почнува Блиско источна турнеја

Претседателката на американскиот претставнички дом, демократот Ненси Пелози, на почетокот на нејзнината Блиско источна турнеја пристигна во Бејрут. Таа ќе се сретне со либанскиот премиер Фуад Синиора, со водачот на антисириското мнозинство во парламентот, Саад Харири и просирискиот претседател на парламентот Набих Бери. Во рамките на турнејата Пелози ќе патува и во Сирија, Израел, Јордан, и Саудиска Арабија. Нејзиниот престој во Дамаск наиде на критики во Белата куќа. САД и префрлуваат на Сирија дека е поддржувач на тероризмот.