1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Амбициозни планови за германската снежна кралица

Најдобрата германска скијачка Марија Хофл Риш важи за една од фаворитките на стартот од новата сезона во алпско скијање. Во интервју за Дојче Веле,таа ги открива новите предизвици, стравови и приватни планови ...

Марија Риш е една од најуспешните германски спортистки.Двојна олимписка шампионка во алпско скијање, победничка на Светскиот куп во сезоната 2010-2011 и носителка на злато од Светското првенство 2009 та година.

181 сантиметар високата скијачка е подеднакво добра во сите дисциплни-од слалом до спуст-што не се среќава често. На свои 24 години, веќе славеше победи во четири од вкупно пет дисциплини во Светскиот куп. И сеуште не е заситена од постигнатиот успех ...

ДВ: Има скијачи, кои низ смеа велат дека се одлучиле за овој спорт, за да може да бидат сами на патеката. Кои беа вашите мотиви?

РИШ: Па, за оваа професија, човек не се одлучува како што тоа го прави за секоја друга нормална, тоа е процес кој трае со години. На почетокот се е хоби. Како мало дете почнувате да скијате и тоа се развива со години, малку по малку почнува да станува ваша професија. Еден период ми беше навистина тешко да ги извршувам обврските и во училиште и со скијањето. Но кога завршив средно образование во 2003. година, конечно станав и професионална спортистка. Скијањето од тој момент стана моја професија. Секако дека е привилегија да успееш да го претвориш најомиленото хоби во професија и јас секој ден сум среќна и задоволна што успеав во тоа.

Страв од повреди

ДВ:Вашата професија е опасна. И покрај тоа што сигурносните мерки се безбедни, патеките се стрмни и спектакуларни. Имате доживеано две тешки повреди, два пати ви беа скинати вкрстените лигаменти. Дали чувствувате страв додека возите?

РИШ: После секоја повреда стравот се зголемува. Мора да помине некое време, посебно што во мојот случај, повредата се повтори два пати по ред за релативно

Maria Riesch Siegesfeier Schweiz Lenzerheide alpiner Gesamtweltcup

Марија Риш со Светскиот куп

кратко време. Потоа мора да се чека извесен период, за да може да се оди до крајната граница. Но кочницата никогаш не излегува од глава 100 процентно. Тоа значи, дека оној кој никогаш не доживеал повреда, секогаш ќе ризикува повеќе во однос на оној кој веќе неколку пати се борел со повреди.

ДВ: Во овој спорт, материјалот игра огромна улога:скии, одело итн. Колкаво влијание имаат овие работи во една трка?

РИШ: Скиите во секој случај се клучен фактор. Материјалот е исто така исклучително комплексна тема. Тоа не може да се објасни во неколку реченици. Многу е важно материјалот да биде оптимално прилагоден за секоја трка. Тоа значи дека за добро возење на патеката потребно е краевите на скиите да не бидат ниту преостри, ниту премалку остри и сето тоа да се совпаѓа совршено. Во спротивно, веќе на првата врата ќе забележите дека нешто не е како што треба, а тоа автоматски значи дека целото возење е на некој начин упропастено.

ДВ: Подеднакво сте успешна и во техничките и во брзите дисциплини. Дали ќе бидам во право, ако речам дека повеќе ги сакате брзите дисциплини, затоа што сте љубител и на брзите автомобили?

РИШ: Не. Најмногу сакам да скијам во дисциплината која во моментот ми оди најдобро, а кај мене тоа се менува многу често. Во секој случај сум среќна затоа што можам да ги возам сите, никогаш не ми е здодевно, а и секогаш кога сум послаба во одредена категорија, се подобрувам во друга. Јас не сум човек кој може да се специјализира само за една. А тоа што за мене се зборува дека сакам брзи автомобили, малку отиде во сенка, поради фактот кој веќе го наведов во мојата книга. Два пати ми беше одземена возачката дозвола, што беше доволна лекција. Сега возам сосема нормално, не многу бавно, како и секој друг совесен учесник во сообраќајот.

Maria Riesch 03.02.2011

ДВ: Кој момент од скијањето ви причинува најголемо задоволство?

РИШ: Самиот момент дека се натпреварувате. Го мерите времето и го споредувате со останатите.Брзото возење исто така, предизвикот да ја поминете одбележаната патека од почетокот до крај. Тоа за мене е најголемиот подвиг во целата приказна. Исто така фасцинацијата кон скијањето доаѓа и  од природата. Самата помисла дека сте на планина, уживате во пејзажот а сепак спортувате.

Гламурот не е на одмет

ДВ: Често можат да се забележат вашите фотографии во lifestyle магазините.Ве нарекуваат гламурозната девојка на германскиот зимски спорт?

РИШ:Јас тоа го сфаќам како комплимент. Има голем број на медиуми кои го користат тој епитет во позитивна смисла, па преку мене, темата за алпското скијање се промовира и надвор од  границите на спортското новинарство. Освен тоа, за мене е важно и да размислувам што ќе правам по завршувањето на спортската кариера. Веројатно нема да престанам да бидам активна, откако ќе завршам со скијањето. Ќе сакам да имам ангажмани и потоа.

Maria Riesch Sportlerin des Jahres 2010

Награда за спортист на годината во Германија во 2010

ДВ: Рековте дека сте постигнале се’ во својата кариера. Олимписка победничка, светска шампионка, победничка во севкупниот поредок во Светскиот куп. Кој е следниот мотив?

РИШ: Минатата сезона, па и по нејзиното завршување бев многу лута поради некои работи, што дури добив и желба да оставам се. Но, за кратко сфатив дека тоа е најубавиот период во мојот живот кој можам да го замислам, тоа е мојата страст. Сакам да продолжам со скијањето, барем уште неколку години, не повеќе од две, три. Сакам да ги искористам последните години во уживање. Тоа е мојата мотивација. Тоа е моето задоволство. Имам и амбиција да ја задржам формата од последните години.

ДВ: Што прави Марија Хофл Риш за време на летото?

РИШ: Многу тренира. Голем број од луѓето мислат дека ние скијачите сме пасивни за време на летото. Некои од нив дури знаат да ме прашаат дали сум почнала да тренирам на само две недели пред почетокот на сезоната. Ние имаме пауза само во април, и тоа неколку недели. Тој период го користам да отпатувам некаде, за да можам да се одморам од се. Но потоа се враќам и веднаш започнувам со подготовките. Помеѓу мај и јули работиме на кондицијата, а веќе од крајот на јули, за мене стартува зимата. Тренирам на Нов Зеланд и на Чиле. Потоа се враќам, се регенерирам, паузирам и на крајот на октомври на програмата ја имам првата трка.

Деца по завршувањето на светската кариера

ДВ: Имате ли намера да создадете фамилија. Да родите деца?

РИШ: Секако. Често ми го поставуваат тоа прашање. Многу јасно дека размислувам за тоа прашање. Но по завршувањето на кариерата ќе се решам за тој чекор. И не веднаш. Би сакала да минам барем година до две без деца откако ќе ставам крај на кариерата.

ДВ: Минатата година стапивте во брак. Постојано сте со обврски, секогаш сте во движење. Како успевате да го одржите брачниот живот?

РИШ: Имам огромна среќа што мојот сопруг е и мој менаџер. Но не е само мој. Тој многу работи и со Франц Бекенбауер, кого го советува во последните десет години. Го делам Маркус со Франц, но тоа го правам со задоволство. Среќата е

Riesch holt zweite Goldmedaille

на моја страна, затоа што може да сме заедно и кога работиме. Потребна е огромна организација кога станува збор за мене. Нормално, има периоди кога не се гледаме долго време, како на пример кога заминувам за Нов Зеланд, каде престојувам и по шест недели ...

ДВ: Кои цели ги зацртавте за оваа година?

РИШ: Сеуште е рано точно да ги дефинирам.Со оглед на минатата година, логично е да сакам да го повторам успехот во сите дисциплини и да се задржам на врвот.И ако успеам во тоа, ќе се борам за врвот и во целокупниот поредок. Иако се чини дека против Линдзи Вон никој нема шанси, таа делува многу самоуверено. Врвот на сезоната ќе биде Светското првенство во Шладминг и крајот на оваа година, од кога ќе видам како ќе стартува сезоната и ќе можам да ги одредам своите цели.