1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Амбициозен проект

Во Москва, денеска (18.05.2009), почнува нова рунда разговори меѓу Русија и САД за нуклеарно разоружување. И покрај постоечките тешкотии, американскиот претседател Барак Обама има амбициозни цели.

default

На петти декември годинава истекува договорот СТАРТ. Договорот за намалување на стратешкото вооружување беше потпишан во 1991 година од страна на САД и Советскиот сојуз и со него се ограничува бројот на нуклеарни боеви глави на шест илјади, а бројот на ракетни носечки системи на 1.600. Со Договорот е предвидено неговото продолжување, како и преговорите за натамошно редуцирање на оружјето, да почнат најдоцна една година пред истекот на постоечкиот договор.

Работната преговарачка рунда меѓу САД и Русија во ноември 2008 година пропадна. Американскиот претседател, Барак Обама, за разлика од неговиот претходник, темата разоружување ја стави на сопствената агенда со задачи. Во говорот во Прага, во април годинава, Обама рече: „Денес, недвосмислено и со полно убедување, велам дека САД се обврзуваат да работат за безбеден и мирен свет, без атомско оружје.“

Ѓаволот се крие во деталите

Кај новата преговарачка рунда, која почнува денеска во Москва, како честопати досега - ѓаволот се крие во деталите. Двете страни мораат, меѓу другото, да постигнат согласност околу методот според којшто го бројат оружјето. Дали се бројат само стационираните

Barack Obama spricht in Prag über atomare Abrüstung

Барак Обама во Прага вети дека САД ќе работат за безбеден и мирен свет

нуклеарни ракети или и депоата? И што е со возилата за транспорт на мобилните системи за испукување? САД и Русија во билатерален договор изминатите години се обврзаа на натамошно нуклеарно разоружување. Најновиот договор предвидува до 2012 година да се располага со најмногу 2200 боеви глави, но остава повеќе отворени прашања од договорот СТАРТ. Не се предвидува ниту постапка за проверка на податоците што ги дава другата страна.

Во интервју за руската новинска агенција „Интерфакс“, Розе Готемелер од американското министерство за надворешни работи и раководител на преговарачкиот тим на Американците, изјави дека САД се подготвени да им излезат в пресрет на Русите и во договорот да ги вклучат и транспортните возила. Подоцна ќе се отворат и преговори за оружјето што е стационирано во депоа, како и за процесот на проверка на податоците што ги дава другата страна.

Обама има амбициозни цели

Преговорите за договорот СТАРТ се само почеток на планираната иницијатива на американскиот претседател Обама за разоружување, што тој ја претстави во Прага. САД мора што побргу да се приклучат кон Договорот за запирање на тестирањето

Start 1 Abkommen 1991

Американскиот претседател Џорџ Буш и советскиот претседател Михаил Горбачов на потпишувањето на договорот СТАРТ 1 (архивска фотографија од 1991 година)

нуклеарно оружје, изјави тој. Освен тоа, мора да биде забрането призводство на материјал од којшто може да се произведе нуклеарно оружје. Освен тоа, Обама има намера да се заложи и за јакнење на Договорот за неширење на нуклеарно оружје: „Потребни ни` се поголеми капацитети и овластувања за на меѓународните инспекции да им дадеме поголема тежина. Потребни ни‘ се ефективни и директни консеквенци за земјите кои не се држат до правилата или земји кои сакаат да го напуштат договорот. И потребни ни‘ се нови правила за цивилно користење нуклеарна енергија, без да се зголемува ризикот од ширење нуклеарно оружје.“

Според Обама, во рок од четири години, треба да се спречи материјалот од којшто може да се произведе нуклеарно оружје да стигнува во погрешни раце. Затоа треба да се прошири соработката со Русија. Освен тоа, САД имаат намера во рок од една година да организираат меѓународна конференција за нуклеарна безбедност.


Автор: Кристина Бергман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска