1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Амбасадорот на САД повлечен од Сирија

Американскиот амбасадор во Сирија, Роберт Форд во петокот (21.10.2011) се вратил во Вашингтон поради веродостојни закани против неговата безбедност, информира Стејт департментот.

default

Американската амбасада во Дамаск

Од Министерството за надворешни работи на САД информираат дека Роберт Форд ќе се врати кога ќе се процени дека режимот во Сирија создал доволно безбедна ситуација на терен.

Минатиот месец Форд беше нападнат со јајца и домати во моментот кога беше на посета кај еден од членовите на опозицијата.
Американскиот амбасадор, кој стапи на функцијата во јануари годинава ги налути сириските власти поради тоа што одржуваше врски со повеќе активисти вклучени во востанието во земјата против децениското владеење на режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Така тој на почетокот на јули отпатува во упориштето на протестите , градот Хама а потоа и во Дара каде опозицијата истотака има јаки позиции. Форд со тоа ја игнорираше забраната на властите во Дамаск дека западни дипломати не смеат да патуваат надвор од главниот град.

Автор: АМ/СН/афп/ртр/дв/мф

Редактор: Симе Недевски