1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Амбасадорката Њуланд во Скопје

*

Амбасадорката на САД во НАТО Викторија Њуланд денеска при официјална посета на Скопје се среќава со македонскиот државен врв. По разговорите со премиерот Никола Груевски Њуланд побара Скопје и Атина да се вратат на преговарачка маса и да разговараат за проблемот со името под покровителство на Метју Нимиц. Амбасадорката на САД во НАТО изрази и позитивни оценки за напредокот во Македонија. Њуланд е придружувана и од високи претставници на Стејт департментот. Цел е во рамките на посетата на земјите од Јадранската група да се направи проценка на статусот на имплеметација на Акциониот план за членство во НАТО.