1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Амбасадорката Штајнакер оптимист за решение на спорот за името

Германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер е оптимист за решавање на спорот за името. Амбасадорката во интервју за Радио Слободна Европа предупредува од преголеми очекувања од самитот на НАТО.

default

Германската амбасада во Скопје

„Не сум експерт за спорот за името, но станува збор за тешко прашање, и покрај тоа што не изгледа така - многумина не го разбираат тоа, но е длабоко вкоренет проблем меѓу двете земји. Сепак, како историчар можам да кажам дека сум речиси убедена дека решение ќе се најде“, изјави германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Никој не знае кога ќе се најде, но би сакала политичарите од двете засегнати страни во спорот да имаат вистински идеи, храброст и политичка волја да продолжат и да најдат решение. Мора многу внимателно и темелно да се проверат сите можности, а потоа секако се’ зависи од степенот на храброст и креативност на политичарите со цел да се направи прогрес“, дополнува Штајнакер.

Зачленувањето на Македонија во НАТО, според германската амбасадорка, не е директно поврзано со претстојниот самит во Чикаго: „Тоа може да се случи кога и да е. Треба да се направи повеќе во врска со политичкиот процес, но во секој случај би сакала од самитот во Чикаго да има барем добри сигнали за Македонија, зашто тоа би ја охрабрило земјата во реформскиот процес“, посочи Штајнакер. Малку е опасно, додаде, да се очекува премногу од само еден самит, само еден состанок, би било подобро ако на нив се гледа како на можност за дијалог и за напредок.

Во врска со значењето на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, амбасадорката упати на зборовите на поранешниот американски амбасадор во Македонија, Филип Рикер, кој при неодамнешната посета на Македонија рече дека му е јасно оти Македонија е задоволна од одлуката на Меѓународниот суд, но тоа е се’, не постојат автоматски консеквенци од неа.

Автор: АТ/ СН/ миа

Редактор: Симе Недевски