1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Амбасадите на САД повторно отворени

По предупредувањето од тероризам повторно се отвораат повеќето американски амбасади, кои изминатите денови беа затворени. Само дипломатските претставништва во Сана и во Лахоре и натаму се затворени.

Соединетите Американски Држави денеска (11.08) повторно ги отворија повеќето од нивните амбасади, кои неодамна беа затворени поради страв од терористички напади. Само во гланиот град на Јемен, Сана дипломатското претставништво на САД (на насловната фотографија) и натаму е затворено, исто како и амбасадите на Велика Британија, Франција и Германија. Освен ова затворен и натаму останува конзулатот на САД во пакистанскиот град Лахоре.

Развојот во Сана и Лахоре и натаму ќе се анализира и одлуката кога ќе бидат отворени дипломатските претставништва ќе зависи од актуелниот развој, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи на САД Џејн Псаки.

Причина за затворање на дипломатските претставништва беше предупредување од тероризам кое го издадоа американските тајни служби. Тие прислушувале телефонски разговори на раководството на терористичката мрежа Ал Каеда, од кои произлегло дека непосредно претстојат напади на Блискиот Исток и северна Африка.

Според медиумските извештаи, тајните служби на САД прислушувале телефонска конференција меѓу водачот на Ал Каеда, Аиман ал Завахири и водачите на повеќе ограноци и сојузнички групу, при која биле споменати можни напади. Ал Завахири, Египќанец, е наследникот на основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен, кој во 2011 година беше убиен од американски специјалци во Пакистан. Се претпоставува дека и Ал Завахири е во Пакистан.

Поврзана содржина