1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Амбасада на САД: Зошто А2 е исклучок?

САД се согласуваат дека медиумите во Македонија треба да ги почитуваат законските обврски, но посочуваат дека А2 е прв радиодифузер кај кој е извршено барање за одземање на дозволата за работа.

default

Американската амбасада во Скопје, по одземањето на дозволата за работа на А2 телевизија од Советот за радиодифузија, најави одблиску следење на процедурите на Советот со цел да се утврди дали регулативата се применува еднакво за сите телевизиски станици.

САД се согласуваат дека медиумите треба да ги почитуваат законските обврски, но посочуваат дека А2 е прв радиодифузер кај кој е извршено барање за одземање на дозволата за работа.

„Вчера разбравме дека Советот за радиодифузија гласал за одземање на дозволата за емитување на А2 телевизија поради непочитување на барањата што произлегуваат од програмскиот формат. Се согласуваме дека сите медиуми треба да ги почитуваат сите обврски што произлегуваат од поседувањето на дозвола, и тоа е исклучително важно за постоењето на независна и избалансирана медиумска клима, но гледаме дека А2 е првиот радиодифузер врз кого е извршено ова барање. Одблиску ќе ги следиме процедурите на Советот за радиодифузија за да потврдиме дека нивниот мониторинг на содржини со цел потполна усогласеност со радиодифузната регулатива, се применува подеднакво стриктно врз сите телевизиски станици“, се вели во писмената изјава од амбасадата на САД во Скопје.