1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Амазон“ под истрага во Германија

Мали плати, лошо сместување- такви се наводно условите за работа за сезонските работници кои во Германија работат за „Амазон“. На општествените мрежи веќе започна акција за бојкот.

„Амазон“ е американска трговска компанија која се занимава со продажба на стока преку интернет. Логистички центри преку кои се врши пакување и подготовка на нарачаните производи има и во Германија. Репортерите на државната телевизија од покраината Хесен снимија репортажа за условите во кои работат вработените во „Амазон“. Т.н. „позајмени работници“ кои на „Амазон“ и ги изнајмуваат други фирми, до своето работно место мора да патуваат и по неколку часа. Заедно живеат по 6-7 работници, во мали бунгалови, а работни договори добиваат дури откако ќе дојдат во Германија.

На почеток, на работниците им се ветува вработување во „Амазон“, но по доаѓањето најчесто им се нудат договори во други фирми- кои потоа на „Амазон“ му ги позајмуваат овие работници. Вработувањето во тие фирми значи и помалку пари. Работниците работат и до 15 часа дневно, постојано се под надзор на обезбедувањето. Особено во текот на божикните празници, „Амазон“ вработува и по неколку илјади сезонски работници од цела Европа.

„Систем ’Амазон’“

Норберт Фалтин добро го познава начинот на работа во „Амазон“. Тој работи во логистичкиот центар во Кобленц, активен член е на синдикатот Верди и уште е и портпарол на лицата од доверба на кои вработените им се обраќаат за помош во случај на неправилности.

Фалтин ги потврдува наводите од репортажата и вели дека „личностите од доверба“, особено околу божикните празници имаат полни раце работа. Тој смета дека случаите прикажани во телевизискиот извештај се симптоматични за,

LEIHARBEITER BEI AMAZON Deutschland Arbeitsbedingungen

Логистички центар на Амазон во Германија

како што вели, „системот ’Амазон’“. Такви случаи има и во многу други логистички центри во Германија. Тој меѓутоа ги отфрла наводите дека работниците од странство имаат третман на работници од втора класа.

По објавувањето на аферата, германските потрошувачи реагираа остро. На друштвените мрежи се повикува на бојкот на „Амазон“. Од „Амазон“ најавија дека ќе ги испитаат обвинувањата, меѓу останатите, и оние кои се однесуваат на вработувањето хулигани и лица од десно-екстремната сцена како обезбедување.

„Компанијата не поднесува ни дискриминација, ниту заплашување“, соопшти „Амазон“. Синдикалецот Фалтин смета дека на работниците кои добиваат вработување преку фирми-посредници, најмногу би им се помогнало кога за својата работа би добиле иста плата како и другите вработени во фирмата.