*
Евентуалниот неуспех на меѓународната конференција за Блискиот исток ќе резултира со драматични последици, изјави португалскиот министер за надворшни работи Луиш Амадо по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Лисабон. Според Амадо, чија земја е претседавач со ЕУ, на конференцијата планирана за ноември во Вашингтон, треба да се најде принципиелно решение за создавање независна палестинска држава. Во спротивно ќе се засили радикализмот и исламизмот, оцени Амадо.