1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Џазира нема да го емитува видеото на Мерах

Арапската телевизиска мрежа Ал Џазира одлучи да не го емитува видео материјалот од убиствата во Тулуз и околината, кои претходно ги доби преку пошта.

Катарската телевизија Ал Џазира нема да ги емитува снимките направен од теористот Мохамед Мерах за време на неговите атентати во Монтобан и Тулуз.
Одлуката е донесена од страна на менаџментот на оваа арапска телевизиска мрежа по неколку часовниот состанок во Катар.

Францускиот претседател Никола Саркози претходно побара од секоја ТВ станица која има видео снимки од убиствата во Тулуз да не ги објавува.

Апелот на Саркози се однесува пред се’ на Ал Џазира која претходно соопшти дека размислува за објавување на видео снимките кои пристигнале до нејзината француска канцеларија , и на кои веројатно можат да се видат седумте убиства што ги извршил Мохамед Мерах во Тулуз и во регионот .

Видео материјалот бил снимен на УСБ кој бил испратен со писмо со о поштенски печат од минатата среда. кога полицијата започна со опсадата на станот во кој Мохамед Мерах беше забарикадиран 32 часа .