1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ал Садр: САД мора да се повлечат од Ирак

Радикалниот шиитски водач во Ирак, Моктада Ал Садр во неговото прво обраќање по неколку месеци побара повлекување на американските трупи од земјата. Мора да се изготви временски план за тоа, порача Ал Садр во говорот во една џамија. Инаку во нови напади во Ирак денеска загинаа шест американски војници, а во подметната експлозија е урнат уште еден мост на реката Тигар.