1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каeда и‘ се заканува на Германија

Ал Каеда објави видеозапис во кој се и‘ заканува на Германија со напади по изборите закажани за 27 септември, доколку нема сигнал за повлекување на германските трупи од Авганистан.

default

Заканите сериозно се сфаќаат

Властите сериозно ги сфаќаат заканите и веќе е зголемено нивото на мерки за зачувување на безбедноста.

„Ако решат да ја продолжат војната, сами ќе си ја напишат пресудата. Парламентарните избори се единствената можност народот да влијае врз политиката на државата“, предупредува гласот на видеото.

Сојузното обвинително соопшти дека човекот кој се појавува на видео-снимката со голема веројатност е германскиот исламист Бекај Харах кој го користи името Абу Талха, а веќе се јави во слична снимка на почетокот на годината. Германското обвинителство веќе води истрага против Харач, Мароканец по потекло, поради сомневање дека членува во странска терористичка организација. Експертот за тероризам за вториот канал на германската телевизија, ЗДФ, Елмар Тевезен потврди:

„Да, Бекај Харах со години живееше во Бон, добро ја познава Германија, а по престојот во затвор во Сирија отиде на Хиндукуш, а таму очигледно бил во логор за обука на Ал Каеда.“

Од германските партии, единствено крајнолевата - Партијата на левицата се изјасни за итно повлекување на германските војници од Авганистан.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/миа/дв

DW.COM

Поврзана содржина