1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда убила германски турист?

Во вооружен напад на група грабнувачи вчера во Мали е убиен германски турист кој им се спротиставил. Се претпоставува дека делото го извршила терористичката мрежа Ал Каеда.

default

Терористите на Ал Каеда често грабнуваат странци во Мали, архивска снимка

Инцидентот се случил среде бел ден, по петочната молитва во пустинскиот град Тимбукту во Мали. Маскираните вооружени напаѓачи упаднале во хотел во центарот на градот, каде киднапирале неколку гости, а еден веднаш го убиле, зашто давал отпор при вовлекувањето во автомобил. Напаѓачите побегнале со убиениот и тројца грабнати туристи, еден Холанѓанец, еден Швеѓанец и еден човек со британски и јужноафрикански пасош. Германското министерство за надворешни работи во Берлин соопшти дека е во контакт со властите во Мали.

Во четвртокот вечерта вооружени киднапери грабнаа двајца Французи.

Владата во Мали истакна дека с еработи за „терористички акт“ кој ја нарушува безбедноста и стабилноста на целата земја. Според експертите, нападите недвојбено носат печат на терористичката мрежа на Ал Каеда во исламсиот Магреб. Т.н. пустинска филијала на терористите располага со бројни бази во тешко достапните гранични области меѓу Мали, Буркина Фасо и Алжир. Радикалноислмистичките терористи често киднапираат странци, барајќи за нив откуп и не се двоумат да ги убиваат. Во рацете на грабнувачи во регионот моментно има девет странски туристи

Автор: Александер Гебел/Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски