1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда стои зад нападот во Јемен

Ал Каида презеде одговорност за нападот врз јеменското министерство за одбрана во Сана, во кое загинаа 52 лица, меѓу кои и двајца хуманитарци од Германија. Берлин побара германските граѓани да го напуштат Јемен.

Комплексот на Министерството за одбрана „завземен“ е во четвртокот...откако муџахедините докажаа дека на таа локација се наоѓаат контролни центри за беспилотни летала и американски експерти“, се вели во соопштението на Ал Каида на Арапскиот полуостров (AQPA) објавено на Твитер.

„Муџахедините зададоа тежок удар на еден од тие центри“, се додава во соопштението.

„Штабовите кои соработуваа со Американците во нивната војна против муслиманите се оправдана мета“, предупреди Ал-Каида.

Во нападот во Сана загинаа 52 лица, меѓу кои и двајца германски и еден јеменски соработник на Германското друштво за меѓународна соработка, ГИЦ. Како реакција на тоа, Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи во Берлин реши да го подигне степенот на опасност за оваа арапска земја.

„Тоа значи сите германски соработници на организации што е можно поскоро да го напуштат Јемен“, соопшти портпарол. Одлуката е донесена како превентива за безбедноста на германските државјани. Ситуацијата во Јемен е доста тешка и со нападот врз седиштето на Министерството за одбрана во Сана достигна нов степен на ескалација. Германската амбасада во Сана работи со намален персонал. Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди нападот во Јемен и на блиските на жртвите им изрази сочувство.