1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда подготвува атентати врз американски фирми?

Американското Министерство за внатрешна безбедност до илјадници директори на индустриски фирми во САД испрати предупредување за опасност од атентати на Ал Каеда, соопштува телевизијата ЕјБиСи.

default

Според Министерството за внатрешна безбедност, терористичката мрежа може да организира напади по повод 10-годишнината од атентатите на 11 септември 2001 година, употребувајќи елементи вметнати во хемиски фабрики или рафинерии. Министерството укажа на податоци од документи откриени на 2 мај, кога американските командоси во Пакистан го убија Осама бин Ладен. На 14 јули „Волстрит џорнал“ напиша дека поранешниот лидер на екстремистичката организација планирал нов атентат во САД на 11 септември годинава. Според американски претставници, кои побараа анонимност, во пакистанската резиденција на Бин Ладен биле најдени податоци што упатуваат на такви идеи, но немало докази дека таквиот заговор прераснал во конкретни активности.

Автор: ГЧ/ЖА/миа

Редактор: Трајче Тосев