1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда нема да умре со смртта на Бин Ладен

Ал Каеда соопшти дека ќе ја продолжи борбата против САД и дека ќе го одмазди убиството на нејзиниот лидер Осама бин Ладен. Една од неговите жени пак сведочи дека тој бил убиен невооружен и во пижами.

default

Терористичката мрежа Ал Каеда во соопштението објавено на интернет и насловено „Живееше како добар човек, умре како маченик“ , уште истакнува дека Осама Бин Ладен не ја создал организацијата за таа да умре со него.

Од другастрана Амал ал Садах (27), најмладата од четирите жени на Осама бин Ладен и која моментално се наоѓа под контрола на пакистанската армија, открила детали од ноќта кога е убиен лидерот на Ал Каеда, како и од нивниот живот.

„Таа и нејзиниот сопруг пет години живееле во иста соба на катот од куќата. Во текот на испитувањето рекла дека Осама никогаш не ја напуштал собата ниту пак излегувал од куќата за да не го видат“, рекол неименуван пакистански официјален претставник.

Dossierbild Osama bin Laden 2

Осама бин Ладен

Осама бин Ладен бил во пижами

Амал ал Садах е родена во Јемен, а се испрашувани и уште две сопруги на Осама, кој пакистанските власти ги ставиле во притвор по акцијата во Аботабад. Садах тврди дека Осама не бил вооружен, ниту дека на било кој начин претставувал опасност за американските специјалци.

„Го убија кога уште беше во пижами“, рекла на испитувањето Садах, на која американските специјалци и ја повредиле ногата. Таа тврди дека не го видела моментот кога го убиле Осама.

Пакистанските власти држат и десетина деца кои се пронајдени во куќата на Бин Ладен откако заминале специјалците. Во куќата пакистанските власти пронашле и три мртви мажи, од кои еден е наводно Халид бин Ладен, синот на Осама. Ниту еден од нив не бил вооружен. Неговата најмлада ќерка Саифа (12), изјави дека нејзиниот татко американските специјалци го фатиле жив, па го убиле.

Haus Osama Bin Laden

Засолништето на Осама Бин Ладен

Бин Ладен останал без пари

Пакистанскиот официјален претставник рекол дека на припадниците на ЦИА не им е дозволен пристап до жените кои се во притвор и кои сеуште ги испрашуват. Се огласил и друг висок пакистански официјален претставник кој сакал да остане анонимен, а кој тврди дека Бин Ладен последните денови останал со малку пари и дека Ал Каеда се поделила на две фракции и оти побројната група ја води Ајман ал Завахири. Тој истакнал дека на тоа укажува и фактот дека водачот на Ал Каеда немал обезбедување во куќата или следбеници кои би зеле оружје за да го одбранат. Во куќата биле пронајдени само еден калашников и еден пиштол.

Автор: ЖА/СН/ап/макфакс/бета

Редактор: Симе Недевски