1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда нападна на 11 декември?

Во два тешки бомбашки напади во главниот град на Алжир денеска загинаа најмалку 52 лица. . Првиот напад се случи во близина на на Уставниот суд , додека вториот во близина на канцеларијата на ОН.

default

Ажирските спасувачки екипи бараат преживеани во урнатините на канцеларијата на ОН.

Десетици загинати, гласи трагичниот биланс од двете екслозии во главниот град на Алжир. Двете експлозивни направи експлодирале речиси истовремено во централниот дел на градот и носат потпис на Ал Каеда -велат претставници на властите.
Голем столб од чад во центарот на градот
Првата бомба експлодирала во еден училишен автобус , и најголемиот број од жртвите во неа биле ученици и полицајци- вели овој очевидец: „ Јачината на експлозијата беше толку голема . Јас не стоев многу далеку, и штотуку сакав да си купам весник , кога од големата јачина на експлозијата почнаа се да вибрира и веднаш помислив дека е бомба“ За димензиите на експлозијата што се случила во квартот Бен Акнун во близина на зградата на Уставниот суд на земјата - говори и овој Алжирец: „ Веднаш се создаде голем столб од прашина , и кога се расчисти видов еден училишен автобус на улицата“ Меѓу жртвите и најмалку 10 припадници на Светската Организација
Втората направа екссплодирала во луксузната населва Хидра во близина на канцеларијата на ОН и на една полициска станица. Во овој напад веројатно станувало збор за бомбаш самоубиец. Портпаролот на ОН , во Женева Жан Фабре соопшти дека најверојатно во експлозијата загинале 10 членови на персоналот на Светската организација. Ова е втор голем терористички напад во Алжир оваа година. На оној на 11 април загинаа 33 лица. Со оглед дека последниов напад се случува на 11 декември , иако никој ја нема преземено одговорноста изгледа дека станува збор за дела на Ал Каеда .


Поврзана содржина