1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда како поим за тероризам!?

На 11. август 1988 неколкумина мажи во Пакистан ја формираа терористичката организација Ал Каеда. На почетокот муџахедините се бореа против Советите - со помош на САД. Потоа нивната омраза ја насочија против Америка.

На 15. февруари 1989 година последната колона руски оклопни возила го напушти бојното поле во Авганистан. По речиси десет години војна советските трупи, поразени се повлекоа од Авганистан. Но, светот тогаш сѐ уште не можеше ниту да претпостави каква смртна закана постои од еден настан, кој се случи кратко пред тоа и остана незабележан. „Средбата која се случи во Пешавар, во Пакистан на 11. август 1988 година е важна, бидејќи тоа е формалниот датум на основање на Ал Каеда“, појаснува авторот на книги и експерт за трероризам Џејсон Бурк.

Поткрепени и од Западот, пред сѐ од американската тајна служба ЦИА, т.н. муџахедини во името на Господ ги совладаа неверните совети. Без војната во Авганистан, небројните борци и донатори и од арапскиот свет, формирањето на Ал Каеда би било незамисливо. „'Арапските Авганистанци', како што исто така се нарекуваат, од воен аспект не придонесоа многу за поразот на Москва“, појаснува Бурк.

„Духот на модерен џихад“

Infografik Al-Kaida in der Welt ENG

Ал Каеда стана меѓународна организација

„Но, она што го создадоа беше еден нов дух: духот на модерен џихад - радикален, инспиративен, меѓународен. Тоа е она што го сакаа основачите на Ал Каеда: 'Сега кога го совладавме Советскиот сојуз, можеме да се насочиме кон другата супер сила САД и нејзе да ја победиме'“.

Сѐ разбира на овој судбоносен ден во август пред 25 години присуствуваше и Осама бин Ладен. Во тој период беше пронајдено и името, кое наскоро ќе стане поим за тероризам: „Името Ал Акеда се чини дека беше повеќе случајно избрано“, вели Бурке. „Пости можност да е пронајдено и на таа средба во август 1988. Постои дискусија, што овој поим точно означува. Може да значи база, воена база, но има и други интересни преводи од арапски: може да биде и начело, упатство за делување. Исто така и предходница, група која предничи и го покажува патот“.

Бројот на следбеници во 90-тите години растеше континуирано. Сѐ додека терористичката организација по нападите од 11. септември на најстрашниот и најкрвав од сите начини си го осигура вниманието, кое веќе долго го посакуваше. Потоа целиот свет ја знаеше Ал Каеда и човекот кој стана лице на тероризмот - Осама бин Ладен.

New York Terroranschlag 9/11 World Trade Center

Нападот врз кулите близначки на Светскиот трговски центар на 11. септември 2001 година

Во истата земја во која Бин Ладен и неговите поддржувачи ги засадија корените на Ал Каеда, речиси десет години по нападите од 11. септември заврши животот на еден од нејзините основачи: во Пакистан. Убиството на Бин Ладен од страна на американските специјални единици во мај 2011 година, сметаат многумина, е симбол за пропаста на Ал Каеда. 

Но, тоа не значи дека терористичката организација со тоа станала неопасна, вели експертот за тероризам Бурк: „Дали таа претставува егзистенцијална опасност за Западот? Не. Дали ќе постои во иднина и ќе предизвикува многу проблеми? Да.“

Исто така, иако терористичката организација не успеа да постане масовно движење, денес има доволно радикални исламисти кои се служат со идеологијата на Ал Каеда, ги копираат нејзините крвави методи и за своите смртоносни намери го употребуваат поимот Ал Каеда - како тоа да постана име на една марка.