1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ал Каеда го разнесе гасоводот во Јемен

Членови на Ал Каеда се сомничат за денешното разнесување на гасоводот кој го снабдува индустриското пристаниште Балхалф во Јемен во заливот Аден. Ова е втор ваков напад за еден месец. Јемен е во фокусот на Брисел.

„Ал Каеда го разнесе гасоводот како одговор на рациите што ги погодија минатава недела“, изјави анонимен претставник на јеменските власти. Нападот е втор за еден месец, а трет во неколку месеци. „Веднаш ја сомничиме Ал Каеда, бидејќи таа ја презеде одговорноста за последните два напади на гасоводот“, додаде тој.

Жителите изјавија дека пламенот можеле да го видат на оддалеченост од неколку километри. Пред експлозијата следувала и размена на оган со милитантите, во моментот кога воената бригада се менувала на стражата.

Soldaten in Sindschibar

Пред експлозијата имало пресметка со јеменските војници

Јеменските нафтоводи и гасоводи се постојано предмет на саботажа, откако избија антивладините протести во јануари 2011-та година. Милитантите ја искористија слабата владина контрола и го проширија влијанието на неколку територии и градови. Како коинциденција со последната експлозија, во земјата од вчера е советникот на американскиот претседател Обама за борба со тероризмот.

Иако на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ фокусот ќе биде ставен на Украина, сепак дипломатите ќе ја дискутираат и состојбата во Јемен. Во земјата повеќе амбасади добија терористички закани, а пред два дена во главниот град Сана беше извршен неуспешен обид за киднапирање на бугарскиот амбасадор Борис Борисов.