1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Алчноста за профит ќе го преживее Медоф

Американскиот финансиски измамник Бернард Медоф доби затворска казна од 150 години. Станува збор за најголема измама во историјата од областа на финансиите, сторена со варијанта на пирамидално вложување.

default

Бернард Медоф

Во случајот Медоф се отсликува целата криза. Безграничната алчност, слeпилото со кое многумина придонесоа кризата да стане она што е - апсолутна економска катастрофа, предизвикана од луѓето. Оти, ние секогаш наново сме слаби кога некој ќе ни вети двоцифрена добивка, а никој не го поставува прашањето: Како е можно тоа?

Финансиски жонглер без грижа на совеста

Во случајот Медоф работите стојат повеќекратно полошо. Тој припаѓаше кон њујоршкото хај-сосајети, високо друштво и клиентите делумно ги регрутирал од тие кругови, нема преголемо сожалување за најголемиот дел од нив. И познати банки од Европа поверуваа во ветувањата за добивка од страна на Медоф. Тие сепак мораа подобро да ги познаваат работите. И некои пензиски фондови сонуваа за „биг дил“, за голема зделка, па многу луѓе, што ним им ги доверија своите пари, сега се финансиски руинирани. И преживеаниот од холокаустот Ели Визел, носитенл на Нобелова награда за мир, речиси сиот имот на неговата фондација го даде во измамничките раце на Медоф. Ниту тој факт не му предизвика грижа на совеста на финансискиот жонглер Медоф.

Prozess Bernard Madoff in New York

Процес против Медоф

Сосем е неизвесно дали фондацијата на Визел и сите други жртви кога било повторно ќе ги видат своите пари. Станува збор за 13 илјади вложувачи - а досега е идентификуван само мал дел од нив, со загуба од 17 милијарди долари. Медоф при изрекувањето на пресудата зборуваше за срам и за бол поради она што им го нанесол на другите. Тоа лицемерие никој нема да му го прифати. Некогашниот полубог од Вол стрит мутира во монструм.

Алчноста се враќа

При сиот разбирлив бес на измамените вложувачи, мора да се дозволени две прашања: Прво, зошто постојано успева луѓето да наседнуваат на ветувања на такви измамници? и второ: Зошто надзорните власти не го забележале измамничкото дејствување на Медоф?

Одоговр: алчност има во секого од нас. Ние сите сакаме највисоки камати и најниски цени. Тоа им ја олеснува работата на измамниците, не само на крупни ѕверки како Медиооф. Потешко е да се најде одговор на прашањето за улогата на финансиските надзорни власти. Надзорот потфрли во Америка и Европа, не само во случајот Медоф. Во САД политички е непожелно премногу контрола, па лесното доделување кредити без доволно сигурност полека се прошири во целиот свет.

Пресудата против најголемиот измамник мораше да испадне толку строга. Но, за сомневање е дека таа ќе има застрашувачко дејство. Во некои банки веќе повторно се преговара за исплата на бонуси. Алчноста се враќа, иако уште не се расчистени урнатините од актуелната криза.

Автор на коментарот: Хенрик Беме

Превод: Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска