1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алтернативната нобелова награда за првпат патува во Кина

Алтернативната нобелова награда оваа година оди во рацете на адвокатка од Чад, акушерка од САД и невладина организација од Шпанија. За првпат една од наградите патува и во Кина.

default

Хуанг Минг, првиот Кинез носител на Алтернативната нобелова

Почесната награда, која не е дотирана, му е доделена на кинескиот претприемач во областа на соларната енергија Хуанг Минг за неговиот ангажман за развој на соларната технологија во Кина, соопшти фондацијата „Right Livelihood“ во Стокхолм, која секоја година ја доделува Алтернативната нобелова награда. Минг, имено, порано работел како инженер во нафтената индустрија. По раѓањето на ќерка му почнал да се интересира за животната средина и инвестирал лични средства во соларната бранша. Како пратеник во Народниот конгрес значително придонесол за изработка на закон за обновливи енергии, кој стапи на сила во 2006 година.

Alternativer Nobelpreis 2011 Right Livelihood Awards Jacqueline Moudeina

Адвокатката Жаклин Мудеина од Чад

Ангажман за помош на жртвите од диктатурата во Чад

Другите тројца носители ја делат паричната награда во висина од 150.000 евра. Адвокатката Жаклин Мудеина од Чад, според жирито, е наградена за нејзиниот храбар ангажман да го изведе поранешниот диктатор Хисен Хабре, за време на чие владеење биле убиени илјадници луѓе, пред суд. Во образложението на жирито, значење им се придава и на нејзините напори за јакнење на свеста за човековите права во Африка.

Награди за ангажман за методи за пораѓање и за борба за правата за земјоделците во земјите во развој

На Американката Ина Меј Гаскин наградата и‘ е доделена бидејќи се залага за

Alternativer Nobelpreis 2011 Right Livelihood Awards Ina May Gaskin

Акушерката Ина Меј Гаскин

споделување и ширење на методи за пораѓање, кои ги ставаат жените во средиштето и се залагаат за телесно и ментално здравје на мајките и децата, се вели во образложението на фондацијата. Меј Гаскин во 1972 година, во американската сојузна држава Тенеси, основаше центар за помош при породувањето. Оттогаш помогнала во повеќе од 1200 породувања без лекарства.

Единствена организација која е наградена е шпанската невладина организаиција Граин. Таа се залага за правата на земјоделците во земјите во развој. Со ангажманот на оваа организација се штитат правата и животните услови на земјоделските заедници, подвлекува жирито. Овен ова, според нив, организацијата е заслужна за откривање на масовните купувања обработливо земјиште во земјите во развој од страна на странски инвеститори.

Алтернативната нобелова награда или „Right Livelihood Award“ се доделува од 1980 година, секоја година во декември, неколку денови пред да бидат доделени традиционалните Нобелови награди во Стокхолм. Со неа се истакнуваат лица или организации, кои нашле решенија за најгорливите проблеми на денешницата. Фондацијата наградува за ангажан за човекови права, решавање на конфликти и заштита на животната средина.

Автор: Марко Милер/ Александра Трајковска  

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска