1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алтернативната Нобелова награда за првпат во рацете на Палестинец

Борци за човекови права и активисти за животна средина од четири земји денеска во Стокхолм беа одликувани со Алтернативната Нобелова награда. За првпат оваа призната награда му се доделува на Палестинец.

За нивниот ангажман за праведност, мир и животна средина денеска (26.09.) во шведскиот главен град беа одликувани „храбри и одлучни луѓе“ со Алтернативната Нобелова награда. Со оваа награда фондацијата Right Livelihood Award Foundation им одава признание на луѓе и иницијативи „за решавање на најитните проблеми на денешницата и нивно успешно спроведување“.

За првпат со оваа награда е одликуван и еден Палестинец, адвокатот за човекови права Радши Сурани. Со ова му се оддава признание на „неговиот постојан ангажман за човековите права и правната држава под екстремно тешки услови“ во областите на Палестинците и арапскиот свет. Во појасот Газа Сурани документираше повреди на човековите права, тој застапува жртви и во меѓувреме образува сириски правници. „Да се прошири принципот на правната држава во сите арапски земји, тоа е фантастично мултипликаторно делување“, рече раководителот на фондацијата Оле фон Уекскил.

Оддадено признание за ангажманот против хемиско оружје

Американецот Пол Волкер исто така ќе ја добие наградата „како ефективен подготвувач на патот за укинување на хемиското оружје“. Волкер е директор на еколошката организаиција Грин Крос. Со неговиот ангажман досега се безбедно уништени десет илјади тони хемиско оружје од шест национални арсенали, појасни фондацијата. Сега тој се концентрира на пристапот на други држави кон пактот. Сирија треба да стане членка на 14. октомври.

Лекарот Денис Муквеге од Демократска Република Конго е одликуван од фондацијата „за неговата долгогодишна работа, да ги лечи жените кои преживеале сексуално насилство во војна и за неговата храброст да ги наведе причините и одговорните.“ Муквеге со години е во игра за Нобеловата награда за мир.

Alternativer Nobelpreis 2013 Denis Mukwege

Денис Муквеге ја доби наградата оти им помага на силувани жени

Со Алтернативната Нобелова награда е одликуван и швајцарскиот експерт за аграр Ханс Р. Херен. Жирито го одликуваше „затоа што тој со научната експертиза и со пионерска практична работа го отвори патот за здраво, безбедно и одржливо глобално снабдување со храна“. Основачот на фондацијата Биовижн, според фондацијата со својата биолошка програма за борба против штетниците во Африка „им го спаси животот на милиони луѓе“.

Четворицата носители на оваа награда се примери за „обезбедување на основите на човековиот живот“ велат од фонцацијата за доделување на Алтернативната Нобелова награда.

Секој од носителите на наградата ќе добие парична награда од околу 57.000 евра. Фондациајта во Стокхолм годинава избираше меѓу 94 кандидати од 48 земји.

Алтернативната Нобелова награда е воведена во 1980 година од германско-шведскиот публициср и подоцножен европски пратеник Јакоб фон Уекскил како алтернатива за традиционалните Нобелови награди. Носителите на наградата ги избира меѓународно жири. Наградите ќе бидат доделени на 2. декември.