1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Алтернатива за Германија“ нуди враќање на марката

Политичкиот естаблишмент во Берлин со внимание го следеше формирањето на новата политичка партија Алтернатива за Германија. Новата партија е жесток критичар на еврото и на помошта за земјите од еврозоната.

Бернд Луке (на фотографијата горе) е лукав. Откако ги доведе до хистерија присутните 1,300 делегати на партиската конвенција со неговиот енергичен говор, им понуди договор: Прво гласајте за резолуцијата, а потоа ќе дискутираме за партиската платформа. За малите нешта ќе разговараме на крај. Тој рече дека мора да се испрати порака оти Алтернатива за Германија (АФГ) влегува во политичката арена со одлучност и единство. Публиката се согласи на неговите барања речиси едногласно.

Некој ќе помисли дека за новата партија малцинските мислења се неважни. Повеќе демократија, повеќе референдуми и транспарентност - тоа беа пораките во говорот на Луке, од кој беа изнесени жестоки обвинувања на сметка на етаблираните партии во Германија. Но, за време на неговиот говор на основачката конвенција, набројаните принципи како да паѓаа во вода. Други, поважни нешта, избија во преден план. Како партискиот имиџ и брзиот успех.

Разочарани конзервативци

Партијата Алтернатива за Германија се појави на сцената на почетокот на февруари. Суштината на нејзината платформа е критика на политиките за спасување на еврото, помошта за земјите во криза, како и критика на бриселските бирократи. Неколку илјади граѓани и‘ се придружија на партијата

AfD Gründingsparteitag

Аплауз на основачкиот конгрес

само во последните неколку недели.

На основачкиот конгрес во Берлин се појавија многу видни конзервативци. Во говорите, многумина соопштија дека биле долгогодишни членови на владејачката демохристијанска ЦДУ или на Либералната партија. 51- годишниот партиски лидер Луке е професор по економија, кој и самиот бил член на ЦДУ полни 33 години. Најголемиот дел од нив рекоа дека се разочарани поради тоа што нивната некогашна партија целосно го напуштила конзервативниот концепт и се препуштила на барањата на дневната политика.

Од почетокот на кризата во еврозоната, во Германија беа видени многу обиди да се сврти несигурноста на јавноста поради кризата во капитал за нова политичка партија. Сега дојде тој момент. Според демографите, АФГ има потенцијал да освои околу 24 проценти од гласовите, но тоа не значи многу. Партијата на пиратите исто така поседуваше сличен потенцијал, но по внатрешни судири и неисполнетите ветувања, сега е прашање дали може да го мине и изборниот праг од 5 проценти. Но, за разлика од Пиратите, АФГ има харизматичен лидер, кој се обидува да го максимизира успехот на групата.

Ни лево, ниту десно

Новата партија не е ниту лева ниту десна, туку го следи „здравиот разум“, порача Луке. Тој верува дека голем број граѓани се лути поради правецот во кој се движи политиката во еврозоната. Партиската платформа ја дефинира на следниот начин:

„АФГ сака да избегне натамошна штета за Европа и за Германија, откако се

Wiedereinführung Deutsche Mark Parteigründung Alternative für Deutschland

Клучен приоритет за АФГ е враќање на марката

направи историска грешка со воведувањето на еврото. Германија треба да ја напушти заедничката валута бидејќи актуелната состојба е закана за мирот во Европа, а истовремено еврото е и правно и економски неодговорно“.

Освен во економскиот дел, каде партијата практично нуди враќање на германската марка, Луке најави дека АФГ ќе се залага и за намалување на високите цени на енергенсите, измени во даночниот систем кој го смета за нефер и премногу компликуван и ќе понуди решенија за демографските проблеми на земјата. Во однос на последното, Луке јасно кажа дека имиграцијата на необучени странски работници не е решение за демографските проблеми. Според него, такви лица не се подготвени за барањата на модерното општество.