1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Алонсо победи во Малезија

Во хаосот што го предизвика големиот дожд во Малезија, најдобро се снајде Фернандо Алонсо - тој е победник во трката која за Фетел и Батон беше горчлива.

Фернандо Алонсо по денешната победа на патеката Сепанг во Малезија го презеде и водството во шампионатот. „Исклучително сме горди на тебе“, му рече екипата на Ферари на Алонсо, кој победи на трка по цели осум месеци. „Ова е неверојатен резултат. Победата не‘ радува, но тоа не менува ништо на фактот дека возилото мора да се подобри“, рече двократниот светски првак по трката.

На втората позиција во Малезија заврши Серџо Перез од Мексико. Луис Хамилтон, кој инаку тргна од пол-позицијата, поради неуспешно запирање во боксот, заврши на третото место. Германецот Себастијан Фетел во Малезија го постигна најлошото време сезонава - заврши на единаесеттата позиција, откако на патеката имаше контакт со возилото на Нараин Картикејан.

Денешната трка, по извозени девет круга, беше прекината повеќе од 50 минути поради силниот дожд. Во продолжението, кое беше исто така проследено со дожд, дојде повторно до судар со Картикејан - овојпат тој се удри со Џенсон Батон.