1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Алонсо победи во Германија

Шпанецот Фернандо Алонсо победи на Големата награда на Германија во Формула 1. Тој со денешната победа на Хокенхајмринг ја зголеми предноста на светската ранг листа.

Фернандо Алонсо, возач на Ферари, денеска (22.07) на Хокенхајмринг беше подобар од Германецот Себастијан Фетел (Ред Бул) и Англичанецот Џенсон Батон (Мекларен Мерцедес).

„Супер, супер, супер! Возилото беше извонредно“, извикуваше Алонсо по победата. Себастијан Фетел се извинуваше поради пропуштената шанса за победа на домашен терен. „Се борев како лав“, рече тој по трката.

По извозени 10 од вкупно 20 трки во Формула 1, Алонсо со 154 бода е прв на светската ранг листа. На втората позиција е Марк Вебер со 120 поени, додека Фетел е трет со 118.