1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Алонсо и натаму неприкосновен

Трката за големата награда на Канада која се возеше на патеката во Монтреал не донесе промени во редоследот во генералниот пласман. Актуелниот светски шампион, возачот на тимот на Рено, Фернандо Алонсо синоќа уште еднаш покажа дека е на добар пат да ја одбрани титулата.

default

За прв пат во неговата кариера Алонсо победи на оваа патека и на половина од шампионатот ја зголеми предноста пред конкурентот за врвот Михаел Шумахер од Ферари. На седумкратниот светски шампион не му појде од рака по осми пат да триумфирма во Монтреал. Трката ја заврши како втор, со заостанување од 2,1 секунди зад Алонсо, кој за време на целата трка не дозволи да биде изненаден.

Трет беше Кими Раиконен од Мекларен Мерцедес, а бодови освоија уште Фелипе Маса од Ферари, Јарно Трули од Тојота, Ник Хајдфелд од тимот на БМВ и Дејвид Култхард од Ред Бул

Во генералниот пласман води Фернандо Алонсо со 84 бодови, втор е Михаел Шумахер со 59. Во трката на конструктори води тимот на Рено со 121 освоени бодови, пред Ферари кој има 87