1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Али Ал Систани донесе мир во Наџаф и Куфа

Али Ал Систани

Али Ал Систани

На великиот ајатолах Али Ал Систани му појде од рака да издејствува примирје меѓу вооружените приврзаници на радикалниот шиитски проповедник Моктада ел Садр и американските сили. Според спогодбата, приврзаниците на Ел Садр утринава во 8 часот по средно-европско време требаше да го положат оружјето и да ја напуштат џамијата Имам Али во која беа забарикадирани. Американската администрација и преодната влада на Ијад Алави ја поздравија спогодбата.

“Сакам да ја искористам оваа можност за да му честитам на ирачкиот народ на победата. Нема повеќе борби, градовите Наџаф и Куфа ќе бидат слободни од оружје и милиции, тие ќе бидат слободни градови“ - порача вчера вечер по постигнувањето на спогодбата државниот министер во преодната ирачка влада, Касим Дауд.

По објавувањето на примирјето, рано изутринава пред големото светилиште на шиитите во Наџаф се собраа илјадници верници, кои наидоа на средечен дочек од забарикадираните приврзаници на Моктада ел Садр. Според спогодбата што ја издејствува големиот ајатолах Али Ал Систани, токму илјадниците аџии треба да им овозможат на приврзаниците на Ел Садр безбедно да ја напуштат џамијата. Сите кои ќе го остават оружјето ќе бидат помилувани, објави ирачката влада, која веќе ја презеде контролата во двата свети града на шиитите, Наџаф и Куфа. Во близината на џамијата, каде изминативе три недели се водеа огорчени борби, утринава беа забележани само неколку американски теренски возила во патрола. Според договорот Американците ќе се повлечат надвор од градските порти.

За државниот секретар Дауд најважно е тоа што Моктада ел Садр јавно ја прифати спогодбата и ги повика своите приврзаници да го положат оружјето:

“Пред се Моктада ел Садр јавно декларираше дека се сложи и дека потполно ја поддржува иницијативата на Али Систани. Тоа е најважно!“

Запрашан за тоа што ќе се случува понатаму со радикалниот проповедник, за кого американската војска објави дека ќе го уапси или ќе го убие, државниот секретар на преодната ирачка влада, Дауд појасни:

“Моктада ел Садр е слободен да оди каде што сака. Јас колку што сум информиран, тој има намера да остане во неговата куќа во Наџаф, но тој е слободен како и секој друг граѓанин да оди каде што сака.“