1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алијансата во потрага по нова стратегија

Во Лисабон денеска (19.11) почнува самитот на НАТО. Шефовите на држави и влади на земјите-членки на Алијансата се исправени пред историски одлуки-нова стратегија на НАТО, план за повлекување од Авганистан.

default

Важни одлуки на дневен ред

На самитот во Лисабон НАТО треба да ги постави темелите за својата идна работа. Со постигнувањето согласност за нова стратегија, би требало да се замени документот за дејствувањето на НАТО, кој е стар 11 години. Алијансата во новиот документ треба да стави на хартија за што се залага и какви цели ќе остварува до 2020 година. Но, 28-темина шефови на држави и влади претходно треба да решат низа проблеми. Турција, според дипломатски извори, за да даде согласност за противракетната одбрана бара пари и влијание. Таа прави блокади по едно од централните прашања на стратешката соработка меѓу НАТО и ЕУ, и тоа поради прашањето на Кипар. Освен тоа, Германија и Франција не се согласни околу прашањето на атомско разоружување. Германија во противракетната одбрана гледа шанса за атомско разоружување, додека Париз инсистира на значењето на нуклеарните арсенали и тоа сака да го види напишано и на хартија. Противракетната одбрана би требало да ги заштити земјите членки на Алијансата од напади, а како главен противник важи Иран.

Во фокусот-односите со Русија

Што се однесува од односот на Алијансата со Русија, НАТО има намера да стави крај на леденото доба.

„Време е за нов почеток во односите меѓу НАТО и Русија. Лисабон е местото каде овој нов почеток може да стартува“, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Treffen Obama und Medwedew in London

Барак Обама и Дмитри Медведев при нивна неодамнешна средба

Американскиот претседател Барак Обама во Лисабон доаѓа политички ослабнат, по поразот на неговата Демократска партија на изборите за Конгресот. Во Вашингтон е во опасност ратификацијата на договорот „СТАРТ“ за атомско разоружување. Обама изјави: „Во интерес на националната безбедност договорот мора да се ратификува уште годинава“. Но, зајакнатите конзервативци во Вашингтон се на курс на блокада. Договорот „СТАРТ“ не е на дневен ред на самитот на НАТО, но на него се гледа како на важен елемент во односите со Русија. Претседателите на САД и Русија, Обама и Медведев, го потпишаа во април годинава, а тој предвидува намалување на нукеларните боеви глави од 2200 на 1550 во наредните седум години.

Програмата на самитот во Лисабон е многу обемна. Домаќинот, португалскиот премиер Жозе Сократес изјави: „Овој самит ќе биде без сомневање еден од најзначајните во историјата на НАТО.“ Португалците за обезбедување на учесниците на самитот ангажираат 10.000 припадници на безбедносните сили. Владата го стави привремено Шенгенскиот договор надвор од сила и на границите врши контроли. Ограничен е и воздушниот сообраќај над Лисабон.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа/ртре

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM