1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Алжир-Засилени мерки на безбедност

По крвавите самоубиствени напади во алжирскиот главен град , властите ги заострија безбедносните мерки , особено околу зградите на владата и полициските станици. Германското министерство за надворешни работи ги повика германските граѓани кои претстојуваат во Алжир на поголема претпазливост. Неможат да се исклучат ниту напади врз странците- се вели во соопштението на министерството. Во вчерашните атенатати според последните информации загинаа најмалку 33 лица а повеќе од 200 беа повредени. Истражителите трагаат по организаторите на нападите за кои одговорноста ја презеде т.н група Ал Каеда за исламски Магреб