1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алжирската армија тврди дека спречила масакр

Советот за безбедност на ОН „го осуди на најостар можен начин терористичкиот напад во Ин Аменас, Алжир“. Исламистите-киднапери побараа размена на затвореници и ставање крај на француската воена акција во Мали.

Алжирските безбедносни сили се соочуваат со четвртиот ден од ќорсокакот со меѓународната банда исламистички екстремисти, кои се’ уште чуваат во заложништво странци во гасната централа Ин Аменас. Во текот на вчерашниот ден (18.01) беа ослободени повеќе стотици алжирски и странски работници. Алжирските власти официјално соопштија дека во акцијата за спасување се загинати 12 заложници и 18 киднапери. Ослободените работници објаснија дека тие биле користени како жив штит и оти им биле ставени експлозиви на појасите.

„Еден од преостанатите заложници успеа да стапи во контакт преку мобилен телефон со романската амбасада и доби насоки кои чекори да ги преземе за да си го спаси животот“, соопшти романското МНР. Двајца други заложници беа ослободени подоцна во текот на вчерашниот ден и се под заштита на алжирските сили.

Algerien Minister besucht Geiseln im Krankenhaus

Алжирскиот министер за енергија и рудници посетува еден од ослободените заложници

Вооружен екстремист близок до Ал Каеда, во изјава за мавританската новинска агенција АНИ рече дека седуммина странци се’ уште се наѓаат во централата, длабоко во сахарската пустина во близина на границата со Либија. Алжирските безбедносни сили оперираат со бројката 10 странци. Мавританска веб страница блиска до милитантите соопшти дека тие се предводени од екстремист од Нигерија и дека групата броела околу 40 лица.

„Ова е екстремно тешка и опасна ситуација“, изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон. „Остануваме длабоко загрижени за тие што останаа во опасност. Пред се’ треба да се направи напор да се заштитат невините животи“, додаде таа.

Geiseldrama in Algerien

Спасените заложници се прегрнуваа по ослободувањето од гасната централа

Меѓународните критики кон Алжир се засилија откако западните влади беа информирани за акција за спасување на заложниците по нејзиниот почеток. Алжирската армија денеска одговори на критиките со тврдење дека акцијата спречила „вистински масакр“.

„Операцијата се случи како одговор на одлуката на терористите да ги убијат сите заложници и да предизвикаат вистински масакр“, рече неименуван функционер во алжирската армија. Тој додаде дека „специјалните армиски сили се’ уште се обидуваат да постигнат мирно решение на кризата“.