1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алемано: Пукањето во Рим не е терористички акт

Пукањето пред седиштето на италијанската влада во Рим, во кое беа повредени двајца полицајци и жена минувач не е терористички акт, вели градоначалникот на Рим Џани Алемано. Повредените полицајци не се во животна опасност

Римскиот градоначалник пред новинарите во Рим изјави дека политичката клима во последните месеци во Италија ги зголемила тензиите во земјата. „Не е акт на тероризам, но климата во последните неколку месеци сигурно не е од помош“, рече Џани Алемано, коментирајќи го пукањето пред седиштето на италијанската влада (на фотографијата горе) во момент кога новиот кабинет полагаше заклетва.

Italien Enrico Letta wird als Ministerpräsident vereidigt Minister

Новиот премиер Енрико Лета и неговиот кабинет

Кои се причините за пукањето, во кое беа повредени двајца полицајци и жена минувач, не е познато. Италијанските медиуми јавуваат дека човек во јакна и со вратоврска одеднаш испукал неколку крушуми со пиштол и се повредил кога сакал да избега. Тој е веднаш уапсен. Лицето потекнува од Калабрија, а министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека пукањето е „трагичен гест на невработен човек“.

Владината палата се наоѓа во центарот на Рим, оддалечена многу од кабинетот на претседателот на државата, но сепак просторот пред седиштето на претседателот Џорџо Наполитано превентивно е испразнет од страна на полицијата.