1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Алгарве не може да најде работници

Алгарве е најважен туристички регион во Португалија. Но, тука има најголема невработеност во земјата. Трендот се должи на незаинтересираноста на Португалците да работат во туризмот, гастрономијата или земјоделството.

Температури над 30 степени. Сезоната е во полн ек во Алгарве, туристичката дестинација број 1 во Португалија.

Ова би морало да биде рај и за оние кои бараат работа, но баровите и рестораните на брегот едвај го наоѓаат потребниот персонал.

На Сузана Алкобиа итно и е потребен шанкер. Треба да работи два до три месеци, но речиси и да нема шанси да најде некој Португалец. „Тоа е тешка работа, се работи напорно со часови. Ден и ноќ, и потоа сте преморени. Затоа повеќето бараат работа во трговски центар, супермаркет или во некоја мала продавница. Затоа ни е тешко да најдеме луѓе кои би сакале да работат кај нас“.

Algarve Portugal

Алгарве - во земјоделствотот не сака никој да работи

Како што е на пример Ванеса Конде. Оваа 25 годишна девојка веќе неколку месеци работи во барот, а доаѓа од Порто.

Со оглед на тоа што секој четврти на нејзина возраст е невработен, таа смета дека и не треба да биде премногу пребирлива. „Ги чистам масите, барот, а понекогаш го рекламирам и локалот на улица“.

40 илјади луѓе се невработени во Алгарве, но помошта за невработени е толку добра што многу Португалци одбиваат да работат. Во заводот за вработување никој не сака да зборува за тоа пред микрофон. Единствено ни рекоа дека мнозинството бара постојана работа.

И во агенциите за сезонска работа, како во Портимао, велат дека нема интерес за сезонските понуди.

„Имаме растечки проблем. Поради кризата во последните две-три години имигрантите сѐ повеќе ја напуштаат Португалија. Тешко е да се пополнат тие празнини. Исто така проблем е и тоа што луѓето кои се на располагање едноставно не ги исполнуваат критериумите“, вели Антонио Дуарте од агенција за вработување „Успешна работа“.

Tourismus an der Algarve

Алгарве

Најмногу невработени има во градежниот сектор, а тие не можат така едноставно да се префрлат во туризмот. Во градот Алентежо, во внатрешноста, состојбата е уште полоша од Алгарве. Фирмите тука бараат првенствено луѓе кои се подготвени на тешка работа. Една американска фирма тука одгледува малини и капини за средно и северно-европскиот пазар.

„Тоа го загрозува нашиот стопански раст. Ние немаме доволно работна сила. Португалците не се многу заинтересирани за работа во земјоделството. Многу Португалци порадо работат во странство, а проблемот тука е што и онака имаме премалку жители“, истакнува Луис Пињеиро од земјоделско претпријатие „Маравиља фарми“.

Од тие причини, работната сила мора да се носи од далечните краишта: од Бугарија, Украина, Романија или Тајланд.

Назад во барот Пикадили во Алгарве. Сега во барот работи Нил Бахадур Тапа. 28-годишниот Непалец и покрај кризата и тоа што мора напорно да работи, дојде во Алгарве и сака тука и да остане. Работата на плажа, за него, е едноставно премногу лукративна.