1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Алберт Роан исклучува поделба на Косово

*

Преговарачката тројка на претстојните преговори за статусот на Косово во Виена ќе очекува нови предлози и нови идеи од Белград и Приштина – вели во интервју за Дојче Веле , Алберт Роан заменик на доскорешниот главен преговарач на ОН за статусот на Косово , Марти Ахтисари. Тој за идејата за поделба на Косово која се споменува во последниов период во медиумите пак истакнува :

„Оваа поделба е исклучена и тоа уште врз основа во начелата на Контакт групата од 2005-та година , целовито Косово беше еден од условите за тогашните разговори . Мислам дека на тоа ќе се остане и на претстојните преговори нема да се расправа за тоа“ – истакнува Роан за ДВ .