1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Алберт Втори и Чарлен се венчаа во Монако

Принцот Алберт Втори и неговата избраничка Чарлен Витсток се венчаа во петокот попладне во палатата во Монако.

Prince Albert ll of Monaco and Charlene Wittstock arrive to the annual Princess Grace Awards Gala in New York, Wednesday, Oct. 15, 2008. Founded by Prince Rainier lll of Monaco, The Princess Grace Foundation - USA, which hosts the gala, aims to support emerging artists in theater, dance and film. (AP Photo/Stuart Ramson)

Принцот Алберт и неговата избраничка

Церемонијата се пренесуваше на големи паноа на повеќе јавни места во малото кнежевство. Црквената венчавка со сета задолжителна помпа ќе се одржи во сабота попладне, а на неа се поканети голем број угледни гости од целиот свет. Чарлен Витсток потекува од Јужноафриканската република и била спортистка во мигот кога се запознала со принцот Алберт. Таа спроти венчавката ја смени верата и од Протестантската мина во Католичката црква.

Автор: ГЧ/СН/дпа/афп

Редактор: Горан Чутаноски