1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Албанчињата ќе учат македонски, ако и Македончињата учат албански?

Стратегијата за интегрирано образование, со која родителите на учениците од малцинските заедници ќе избираат од кое одделение - од прво до трето - ќе го изучуваат македонскиот јазик, наидува на се‘ поголем отпор.

default

При промоцијата на оваа стратегија, усвоена на почетокот на октомври заедно со „рамковниот“ вицепремиер Абдулаќим Адеми, кој овојпат ја поддржа, македонскиот министер за образование Никола Тодоров рече:

„Во неа е вграден и концептот за учење на албанскиот, или на јазиците на другите етникуми во Македонија, од страна на учениците - Македонци врз факултативна основа, или според избор.“

Високиот комесар за правата на малцинствата на ОБСЕ Кнут Волебек, ја оцени „како многу важен чекор за

Schule Niko Nestor

Стратегијата за интегрирано образование содржи и концепт за учење на јазиците на етникумите од страна на македонските ученици, по избор

Македонија“ оваа стратегија, со која се предвидува изучување на јазиците во почетните нивоа на основното образование низ игра и фигуративни методи, а не на класичен начин.

„Општините ги хармонизираат дејствувањата“

На „терен“, пак, во дел од општините во земјата, во кои живее албанското население и со кои раководат градоначалници - Албанци и од ДУИ и од ДПА, работите добиваат свој тек. Одговорната за Секторот за образование на општина Гостивар Нафие Зендели во изјава за печатот на албански јазик нагласила:

„Воспоставени се првите контакти со Дебар, Чаир и Тетово, но ќе контактираме и со другите албански општини, заради усогласување на дејствувањата. Во општината Гостивар се‘ уште се наоѓаат потписите на родителите од минатата година, кои се спротивставија на учењето на македонскиот јазик од прво одделение.“

Ќерамедин Селими, кој е, исто така, одговорен за овој сектор на гостиварската општина заедно со Зендели, се надоврзува:

„Ставот на општина Гостивар е дека стратегијата за интегрирано образование не е прифатлива. Таквиот став е

Iljaz Halimi Mazedonien

Иљаз Халими, началник на Комитетот за јавни дејности и образование на општина Тетово

заземен врз основа на разговори со училиштата, со раководните структури и повеќе со засегнатите страни, кои ќе треба да ја применуваат оваа стратегија - родителите и нивните деца.“

Халими: Она што ќе им се наметнува на албанските ученици ќе мора да се применува и за македонските

„Одлуката е конечна: стратегијата за изучување на македонскиот јазик нема да се применува. Во Македонија постојат два главни народа: албанскиот и македонскиот, како и разни етнички заедници, постојат два еднакви службени јазика - албанскиот и македонскиот, а не само еден јазик, и она што ќе им се наметнува на албанските ученици ќе мора да се применува и за македонските. Секогаш ќе има проблеми се‘ додека ова не го сфатат Македонците“, истакнува Илјаз Халими, началникот на Комитетот за јавни дејности и образование на општина Тетово.

Тој додава: „Во врска со ова, со кој било родител што сум разговарал, сите имаат исто мислење: дека ако се наметнува нешто, тоа треба да важи во реципроцитет и за македонските и за албанските ученици.“

Шефќет Зеколи, раководител на Одделот за образование на Чаир, го изнесува ставот и на оваа скопска општина, чиј градоначалник е Изет Меџити, патем и потпретседател на владината Демократска унија за интеграција, која, официјално, ја поддржува новата стратегија за учењето на јазиците:

„Оваа стратегија не е прифатлива. По јавната дебата, со нашите забелешки, ако се вградат во неа, може и да биде

Mazedonischer Bildungsminister Nikola Todorov

Никола Тодоров, министер за образование

прифатено. Меѓутоа, ваква каква што е сега - не! Не постои реципроцитет. Сегашниот закон е добар, функционира добро, македонскиот јазик се учи од четврто одделение и ние го почитуваме тоа.“

„Засега не се предвидени механизми за санкционирање, туку за мотивирање“

Од Министерството за образование околу овие најнови спротивставувања, во писмена реакција, портпаролот на овој владин ресор Горан Галевски за Дојче Веле истакнува:

„Стратегијата не е закон, туку документ кој предвидува активности во пет области. Интеграцијата преку изучување јазици е само една активност. Засега не се предвидени механизми за санкционирање, туку механизми за мотивирање. Натамошниот тек на спроведувањето ќе покаже каква ќе биде прифатеноста.“

Линдита Ќазими, заменичката на министерот за образование, се огласила со изјава во албанскиот дел на јавноста во Македонија во сличен тон и уште еднаш упатила апел „да не се разбира погрешно стратегијата во врска со интегрираното образование“. „Таа стратегија е спротивна со одлуката, донесена претходно од министерот Тодоров. Не се нарушува со ништо законот за учење на македонскиот јазик од четврто одделение, се‘ останува исто. Се предвидува учење на македонскиот јазик на доброволен начин, учење на македонскиот јазик низ игри, на фигуративен начин, стратегијата не претставува условување ни за училиштата, ниту за родителите. Нема да има санкции за родителите, или училиштата, кои ќе се спротивстават, или кои нема да пројават волја да ја спроведуваат оваа стратегија за учење на јазиците.“

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска