1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Албанчињата првачиња не мора да учат македонски

Уставниот суд на Р. Македонија донесе одлука за укинување на решението на Министерството за образование, кое предвидуваше децата од немнозинските заедници да го учат македонскиот јазик од прво одделение.

default

Уставниот суд на Република Македонија

Во новата учебна година албанските првооделенци не мораат да го изучуваат македонскиот јазик. Решението на Министерството за образование кое предвидуваше немнозинските заедници од прво одделение да го учат македонскиот јазик падна на Уставен суд. На денешната седница (14.07.10) судот донесе одлука за укинување на тоа решение.

Објаснувањето е дека оваа сфера се уредува со законски, а не со подзаконски акти. Според Уставниот суд, со законот за основно образование предвидено е немнозинските заедници, македонскиот јазик да го изучуваат од четврто одделение. Со донесувањето на решението, министерот за образование Никола Тодоров излегол од законските овластувања и се вмешал во законодавната власт, оценуваат уставните судии.

Решението за изучување на македонскиот јазик од прво одделение за немнозинските заедници предизвика реакции во јавноста

Решението на Тодоров кое стапи во сила во јануари годинава предизвика бурни реакции во македонското општество. Меѓународните претставници предупредуваа дека таквите

Mazedonien Land und Leute Gericht in Skopje Verfassungsgericht

Уставниот суд на Република Македонија

одлуки, кои ги засегаат меѓуетничките односи во земјата треба да се носат внимателно врз база на претходна јавна расправа и поширок општествен консензус. Албанците протестираа, а првооделенците ја бојкотираа наставата. Експертите уште тогаш предупредуваа дека решението е незаконско, а иницијативата за укинување на решението на Тодоров пред Уставниот суд ја поднесоа ДПА и невладината организација „Реалитети“. Но, министерот Тодоров цврсто го бранеше својот став: „Не планирам да отстапам од одлуката, планирам да ги убедувам оние кои што треба да ја применуваат, дека примената на оваа одлука е од полза на сите нас кои живееме во РМ“, изјавуваше тогаш министерот за образование.

Денеска во првичната реакција на одлуката на Уставниот суд, министерот за образование Тодоров се повикува на општата управна постапка. Смета дека таа му давала право да донесе решение за факултативно изучување на македонскиот јазик за сите немнозински заедници уште во прво одделение.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM