1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Албанците сакаат поголема локална соработка

Идејата за сенационален Конгрес на албанските општини наидува на поделени реакции во македонската јавност. Вицепремиерот Џафери вели дека нема место за негативна енергија

default

Тетово

„Градоначалникот на Тирана Љуљзим Баша ја прифати иницијативата на македонскиот вицепремиер за рамковниот договор Муса Џафери, изнесена на нивната средба во Скопје на 17-ти јануари годинава, за одржување сенационален конгрес на сите општини, раководени од Албанци, во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија“. Дали можат да произлезат и какви евентуални позитивни придобивки за РМ од вакви регионални иницијативи за соработка меѓу општините со албанска популација, покренати спроти одбележувањето на 100-те години од независноста на Албанија?

Муса Џафери вели дека цел на иницијативата е да се подобри меѓуопштинската соработка.

„Во целата расправа идејата беше, а и секогаш е, како да се најдат форми за подобра соработка меѓу општините, при што тука има многу интереси. На пример, прекуграничната соработка во регионот, или кај нас, за што Европската Унија од своите претпристапни фондови дава помош за таквата соработка.“

Опасност од етноцентрични идеи

Универзитетскиот професор по меѓународна политика и поранешен министер за надворешни работи на РМ Денко Малески предупредува:

„Она што начелно изгледа прифатливо, а тоа е соработка на албанските општини во регионот, е прашање, кое, ми се чини, би требало да се одложи додека не се заврши првата работа со балканските држави: имено, секоја од нив да стане дел од НАТО – алијансата и да стане членка на Европската Унија. Но, ако не се следат внимателно временските секвенци што е она примарното за државата и за нејзиниот, државен интерес, тогаш настанува трка меѓу она што е најбитно и она што може да предизвика и евентуална дестабилизација на државата.“

Mazedonien Denko Maleski Ehemaliger Außenminister

Денко Малески

„Ако не ја остваруваме првата работа, а тоа се интеграциите во НАТО и ЕУ, тогаш ќе биде можно да добијат во сила, во значење, други регионални решенија, во таквиот случај ќе биде можно ваквата иницијатива да предизвика внатрешни делби во Македонија, кои повторно ќе работат не во насока на едно компактно мултиетничко општество, туку ќе одат во правец на тие етноцентрични идеи, какви што пројавуваат и Македонците, од друга страна“, вели Малески.

Нема место за негативна енергија

Владиниот потпретседател Џафери реплицира дека „нема место за стравувања дека притоа ќе се разбудат некакви негативни политички енергии во регионот“:

„Ваквата соработка ја гледам многу позитивно не само од економски, туку и од политички аспект. Прекуграничната соработка ќе ги зближува општините, а на тој начин и жителите, мотивирајќи ги и за заеднички проекти, кои ќе бидат од значење за развојот на тие погранични појаси меѓу државите. Дури, има и пошироки иницијативи, како, на пример, во врска со Преспанското езеро,  од еколошки аспект, потоа би требало да има поширока соработка и околу Охридското езеро меѓу Охрид и Поградец. Граѓаните ќе ги согледуваат економскиот и сите други аспекти од ваквите прекугранични соработки и со тоа ќе се ублажува климата. Таа комуникација сигурно нема да создаде некоја негативна енергија, ниту пак некој треба да гледа на ова како на загрозување нечии интереси.“

Од друга страна, градоначалникот Баша на 26-ти јануари годинава на средбата во Тирана со тетовскиот градоначалник Сади Беџети изнесе и еден свој, друг предлог:

„Тетово, Приштина и Тирана, како три најголеми албански градови, да бидат носители на основањето собрание на сите албански единици на локална самоуправа, или на единици на локална самоуправа раководени од Албанци, каде и да се наоѓаат, од сите прадедовски албански простори. Ние ќе се ангажираме за конституирањето таква асамблеја, со цел, спроти

Musa Dzaferi Vize Premierminister Mazedonien

Муса Џафери

одбележувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, да се создаде импулс на енергија и инспирација заради координација на соработката во културата, економијата, политиката и бизнисот, меѓу сите простори каде што живеат Албанците, конечно и за да зајакнат врските меѓу нив.“

Професорот Малески околу овој предлог го има следното мислење:

„Дури Македонија тука откако ќе се стабилизира треба да се отвораат овие прекугранични регионални видови на соработка од тој степен. Оти, тогаш тоа нема да предизвикува страв кај другата страна, кај мнозинското македонско население, во Македонија.“

Термин за одржување на споменатиот конгрес, за што веќе започна да пристигнува поддршка, допрва ќе се одредува. Дали и кога, пак, ќе се конституира и предложеното собрание, исто така, допрва ќе се утврдува.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Б. Георгиевски