1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Албанците не го даваат споменикот во Прешево

Претставниците на политичките партии на Албанците во регионот на јужна Србија се договориле да не го отстрануваат споменикот на загинатите борци на ОВПМБ од Прешево

Албанците во Јужна Србија нема да дозволат преместување или урнување на споменикот на загинатите борци од Ослободителната војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓа (ОВПМБ), поставен во центарот на Прешево, изјави денеска Јонуз Муслиу, лидер на Движењето за демократски напредок, создадено во 2001 година од поранешни членови на ОВПМБ.

Муслиу, кој е член на Коалицијата на Албанците од долината на Прешево изјави за белградските медиуми дека на средба на лидерите на албанските партии од Јужна Србија е договорено споменикот да не се преместува, а општинскиот совет во Прешево да одржи седница на која ќе биде озаконет споменикот.

Според него на средбата на партиските лидери била разгледана наредбата на инспекцијата на Министерството за правда споменикот да биде отстранет, што подлежи на жалба.

„Општините во Србија имаат законско право да ги легализираат спомениците на своја територија и тоа ќе го направат денеска општинските советници во Прешево, истакна Муслиу.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека споменикот на ОВПМБ, прогласена за терористичка организација, е „чиста провокација“ и ако властите во Прешево не го отстранат сами, државата ќе го направи тоа со сила.

Поранешните членови на ОВПМБ се заканија со вооружен конфликт, ако владата на Србија се обиде да го урне споменикот.