1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Албанците во Србија бараат исти права како Србите на Косово

Албанските политички преставници од општините Бујановац, Прешево и Медвеѓе треба да имаат исто законодавно тело како Србите од северот на Косово, кои неодамна го формираа „Парламентот на покраината Косово и Метохија“.

Ваквото барање го изнесе претседателот на Движењето за демократски напредок Јонуз Муслиу. Тој е и претседател на Собранието на општина Бујановац.

„Започна имплементацијата на Бриселскиот договор и сега е време Албанците да преземат чекори за решавање на своите политички проблеми. Бараме реципроцитет со правата кои ги добиваат Србите на северот од Косово“, изјави Муслиу.

Според него реципротитетот треба да предвидува „Албанците во Прешево и Бујановац да добијат своја полиција, командир на полицијата и Апелационен суд“.

Харадинај го поддржува договорот со Србија

Ex-Premierminister Kosovo Ramush Haradinaj Freispruch Den Haag

Рамуш Харадинај

Албанците од југот на Србија се повикуваат на права, кои според нив, со договорот од Брисел ги добиле Србите на северот од Косово. Поддршка на договорот, но и на косовските власти кои го склучија со Белград, им даде лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај. Тој оцени дека договорот со Србија е од државен интерес и дека властите биле во право за сето она што го правеле на тоа поле.

„Се работеше за државните интереси на Косово и убеден сум дека се во право што така постапија“, рече поранешниот премиер на Косово. Нему му се забележува дека во последните месеци беше на страна на власта, посебно околу разговорите за нормализација на односите со Србија, ратификацијата на договорот во собранието, а сега и за Законот за амнестија. Тој смета дека Законот за амнестија се стреми кон интеграција на Србите од северот во косовските институции.

Србите ги сакаат стрпските институции

Една од можностите за интеграција во косовските институции се есенските избори. Но, се чини дека Србите од северот на Косово не планираат да гласаат на локалните избори, кои треба да се одржат на трети ноември, а кои ги организира Приштина.

Kosovo Serbien Banner Unabhängigkeit

Еден од политичките претставници на Србите на Косово најави дека тие нема да учествуваат на есенските локални избори

Претседателот на општината Звечан Драгиша Миловиќ вчера изјави дека Србите од северот на Косово нема да излезат на локалните избори. Тој нагласи дека Србите сакаат да останат во својата држава и дека поради тоа неодамна го конституираа Собранието на Автономната покраина Косово и Метохија.

„Тоа не го направивме од инает и противуставно, туку со цел да останеме во рамки на уставот и државата Србија“, изјави Миловиќ, додавајќи дека Белград и меѓународната заедница можат и мораат да понудат подобри и поправедни решенија за сите кои живеат во Косово и Метохија.

Според претседателот на општината Звечан, Албанците селективно го применувале Бриселскиот договор и него го користеле како „шведска маса“ – применувајќи го само она што ним им одговара.