1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Албанците бараат заштита на културното наследство

„Културно-историското наследство на Албанците во Македонија се наоѓа под сериозна закана и треба да се спречи неговото уништување, се наведува во Меморандумот за заштита на културното наследство на Албанците

default

Овој документ произлезе од расправата на тема „Албанскиот идентитет и улогата на културното наследство при неговата заштита“, одржана минатиот месец месец во Скопје. Десетина научни работници и универзитетски професори – Албанци го потпишале тој меморандум, кој ќе биде испратен до државните институции, политичките субјекти и до амбасадите и другите дипломатски претставништва во Македонија. Министерството за култура не одговори на барањето на ДВ да го соопшти својот став околу наводите во „Меморандумот“. Побаравме и изјави од тројца негови потписници. Во која смисла се деградира и се уништува албанското културно-историско наследство во Македонија? - го прашавме Шефќет Зеколи, директор на државниот Институт за заштита на културното и духовно наследство на Албанците во РМ.

Зеколи истакнува:

„Албанското културно наследство се деградира и се уништува во смисла на деградирање, или фалсификување на историјата и на целото културно и духовно наследство на Албанците, особено на она материјалното. Сетете се на работите на скопското Кале и на други локации каде што одредени институции на државата свесно и намерно ја прикажуваат целата историја на Албанците како поинаква, фалсификувајќи ја.“

Миџаит Положани, професор по историја на уметноста во истиот универзитет, тврди:

„Одредени археолози и други стручњаци тенденциозно одбегнуваат да го означат како илирски еден дел од културното наследство и културата во Македонија. Културата, за која не е спорно дека е илирска, тие стручњаци ја означуваат како македонска култура. Она што претставуваше ’хеленистичка култура’ тие сега го

Kale Festung in Skopje Flash-Galerie

поистоветуваат како античко-македонска култура. Одредени периоди од постоењето на скопското Кале се илирско духовно наследство, но систематски се избегнува тоа да се каже“.

Повеќе Албанци во институциите

Сефер Тахири, научен соработник во споменатиот институт, посочува:

„Сите фактори треба да се ангажираат со цел да се заштитат и да се афирмираат на институционален начин вредностите на културното наследство на Албанците. Краен момент е да се спасат овие етнокултурни вредности, кои од ден на ден се уриваат пред нашите очи. Ние, потписниците на меморандумот, во него препорачуваме да се зголеми бројот на вработените – Албанци во институциите, кои се одговорни за заштитата на културното наследство.“

Положани заклучува:

„Албанскиот идентитет во Македонија не е загрозен, но, треба да се покренат научни проекти во врска со албанската национална култура, за да се дефинира кои се елементите од таа илирска култура, која е присутна во Македонија. Јас не сметам дека се’ е илирско во земјата“.