1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Албански спортист-прв официјален случај на допинг на Олимпијадата

Албанскиот кревач на тегови Хисен Пулаку е првиот натпреварувач на Олимписките игри во Лондон кој по нивниот почеток доби забрана за учество поради допинг. 19-годишниот Пулаку паднал на тестот за забранет стероид.

default

Еден кревач на тегови од Албанија и двајца од Турција се отстранети од олимписките тимови поради допинг

За позитивниот допинг резултат информираше денеска Меѓународниот олимписки комитет. Пулаку бил тестиран во Лондон уште на 23. јули и било откриено дека користел станозолол. Резултатот бил потврден и со втор примерок урина даден на тестирање.

Објавата дојде еден ден откако Албанија го отстрани од својот тим 19-годишниот кревач на тегови, поради сомневања за допингување. Тој требаше на Олимпијадата да се натпреварува во категоријата до 77 килограми.

На сослушувањето во вторникот тренерот и чичко на спортистот, Сами Пулаку, изјави дека ниту тој, ниту спортистот разбираат како таква супстанца завршила во неговото тело, информираше Меѓународниот олимписки комитет.

Во последен момент од олимпискиот тим беа отстранети и двајца турски кревачи на тегови, кои паднаа на тестовите за допинг. Претседателот на Турската федерација за кревање тегови Хасан Акус рече дека Фатух Бајдар и Ибрахим Арат се позитивни на допинг контролата.

Symbolbild Dopingverdacht Olympiastützpunkt Rheinland-Pfalz/Saarland

Многу спортисти се обидуваат да ги подобрат своите перформанси со недозволени хемиски средства

Пред почетокот на Олимпијадата во Лондон беше објавено дека Полјачката Марцена Карпинска и Литванецот Ауримас Диџзбалис исто така нема да се натпреваруваат, поради сомнежи дека се допингувани. Веќе се суспендирани и поранешниот олимписки шампион Тајлан Нуркан од Турција и олимпискиот шампион од Пекинг, Кинезот Лиао Хиу. На неколку дена пред стартот на Олимпијадата во Лондон од унгарскиот тим беа отстранети двајца фрлачи на диск, Роберт Фазекаш и Золтан Коваго, поради користење недозволени хемиски супстанции.

Меѓународниот олимписки комитет соошти денеска дека од започнувањето на олимпискиот период на 16-ти јули досега се направени 1001 тест за користење допинг, од кои 715 тестови на урина и 286 тестови на крв. Претседателот Жак Рог изјави дека е постигнат успех во откривањето на измамниците, кои со помош на недозволени материи за подобрување на способностите сакале да учествуваат на Олимпијадата. До сега се откриени повеќе од 100 спортисти кои користеле допинг во минативе месеци.