1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Албанскиот претседател ги измешал Божик и Велигден

Албанскиот претседател Бујар Нишани, упати честитка до Албанците по повод Божикните празници. Но, шефот на државата честитката за Божик ја измеша со честитка за Велигден.

Во неговата честитка по повод Божикните празници албанскиот претседател БујарНишани зборува за воскреснување на Христос, а не за неговото раѓање.

Гафот на претседателот оди понатаму кога вели дека Божик е празник на воскресението. Честит Божик. „Честит светиот ден на Воскреснувањето. Божик, кој е ден на Воскреснувањето претставува празник на трпение, благосостоја, разбирање, доближување, помирување, мир, разубавување и богатство на животот“, пишува Нишани во честитката. Сличен гаф лани направи и косовската претседателка Атифете Јахјага.