1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Албанскиот претседател Бамир Топи во Македонија

*

Македонија ќе ја следи одлуката на Советот за безбедност и политиката на Брисел во врска со статусот на Косово, а не одлуката на Приштина, изјави денеска во Охрид македонскиот претседател, Бранко Црвенковски по разговорите со албанскиот колега, Бамир Топи. Двајцата претседатели, денеска во вилата Билјана, разговараа за билатералната соработка , состојбата во регионот, евроинтегративните процеси и очекувањата на двете земји да добијат покана за членство во НАТО наредната година.