1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Албанија ќе лобира за приемот на Македонија во НАТО

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами на денешната (20.01.2012) средба во Скопје ја потврдиле одличната соработка помеѓу двете држави во областа на одбраната и безбедноста.

default

Министерот за одбрана на Албанија, Арбен Имами

Македонското министерство за одбрана соопшти дека за време на официјалните разговори министрите од двете земји  дискутирале за прашања околу интеграцијата на Македонија во НАТО, особено пред  претстојниот Самит на НАТО во Чикаго.

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne

„Ние имаме одлични искуства при соработката на билатерален, на регионален
план, но и во однос на евроатлантските интеграции. Впрочем, ние преку
Јадранската повелба заедно минавме низ патот на интеграција кон НАТО“,
истакна по средбата министерот Бесими.
Mинистерот Имами уште еднаш ја потврдил поддршката на Албанија за влез на
Македонија во НАТО, истовремено истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи, на средбите и форумите на сите нивоа, кои ќе се одржат пред
самитот, безрезервно да лобира за интеграција на Македонија во Алијансата.
„Колку побрзо Македонија и земјите во регионот се интегрираат во
НАТО и во ЕУ, толку поголема ќе биде гаранцијата за мирот, за безбедноста за
развојот“, рече Имами.


Автор:СН/ЖА/макфакс/миа

Редактор: Жана Ацеска