1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Албанија сеуште не избра претседател

*

Албанскиот парламент по третпат не успеа да избере нов претседател на државата. Ниту еден од кандидатите не го доби потребното двотретинско мнозинство. Најголемиот број пратеници на опозицијата го бојкотираа гласањето. Мандатот на сегашниот претседател Алфред Мојсиу истекува на 24 јули. Ако до тогаш не биде избран нов претседател, според уставот, парламентот мора да биде распуштен и да бидат распишани нови избори.