1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Албанија не може да избере претседател

Пропадна вториот круг од гласањето за претседателските избори во албанскиот парламент. Власта и опозицијата не можат да се договорат за претседател

За денеска планираниот втор круг на гласање за нов албански претседател не се одржа, бидејќи немаше предложен кандидат за таа функција, јави дописникот на МИА од Тирана.

На пленарната седница, која ја следеше и дипломатскиот кор, пратениците и од власта и од опозицијата тврдеа дека се залагаат за консензуален претседател, но сепак не дојдоа до консензус.

На синоќешната средба на лидерите на владејачката Демократска партија премиерот Сали Бериша и на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама, не бил постигнат ни минимум напредок по ова прашање.

Според Уставот на Република Албанија предвидени се пет круга на гласање. За реализиран се смета и оној кога нема да се гласа. Првиот круг на гласање не се одржа откако пратениците на опозициската Социјалистичка партија најавија дека нема да го поддржат единствениот кандидат за претседател, судијата во Уставниот суд, Џезаир Загањори, предложен од владејачката Демократска партија.

Следниот, трет круг, треба да се одржи за седум дена но за тоа одлучуваат координаторите на пратеничките групи.

Во четирите круга на гласање за избран ќе се смета кандидатот кој од вкупно 140 пратеници ќе добие 84 гласови, додека во петтиот, последен круг треба да добие 71 глас.

Доколу ни по пет гласања пратениците не изберат нов шеф на државата, Парламентот се распушта и се одржуваат нови избори во рок од 45 дена.

Идентична состојбата беше и пред пет години, кога во последниот петти круг состојбата ја спасија осум социјалистички пратеници предводени од Фатос Нано, поранешен албански премиер и екс лидер на социјалистите, кои ја поддржаа кандидатурата на Бамир Топи.

Поврзана содржина