1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Албанец“ во германските кина

Филмот-првенец на германскиот режисер Јоханес Набер-приказна за маките на еден Албанец во потрага по подобар живот во Германија. Миграцијата и азилот-зошто и како Набер се зафаќа со вакви тешки теми?

default

Плакатата за филмот „Албанец“

Ова е приказна од оние какви што секојдневно се одвиваат илјадници ширум Европа. Еден млад човек од југоистокот на Европа се обидува да фати корен во Германија. Економската беда во татковината го натерала Албанецот Арбен да се упати во странство. Дома ја оставил девојката Етлева. Арбен има безброј тешкотии да најде работа. Дебитантското дело на Јоханес Набер врши контраст на секојдневието на еден емигрант во Германија со сликите од неговата родна земја. На фестивалот „Макс Офилс“ во Саарбрикен филмот доби главна награда во јануари, а и на „Фестивалот на германскиот филм“ во Лудвигсхафен неодамна освои признание. Филмот од оваа недела се прикажува во германските кина.

Szene aus dem Film Der Albaner

Германија од аголот на еден странец

Германија од друга перспектива

Набер проектот го започнал пред десет години.

„Никулецот на филмот всушност беше сознанието или уште повеќе идејата итно повторно да се раскаже како еден илегалец ја гледа нашата држава. Некој кој овде стигнува без документи и без дозвола и се обидува да се пробие. Каков впечаток добива за Германија? Тоа е перспектива која ние често ја потиснуваме, која не ни се презентира радо. За да се постигне толеранција кон овие луѓе, човек мора да се внесе во нивната положба“.

Szene aus dem Film Der Albaner

Арбен во Албанија ја оставил девојката-сцена од филмот

Дали изборот паднал приказната да раскажува за еден Албанец поради тоа што се работи за најсиромашната земја во Европа? Набер вели-не.

„Решавачко беше тоа што за мене, како и за многумина други, Албанија е бела дамка на европската географска карта, за неа малку се знае, а е среде Европа. Тирана ни е исто толку блиску колку и Неапол. Знаеме дека таму владееше исклучително тврд комунизам, во главата ги имаме клишеата за криминалците-Албанци. Друго ништо не знаеме за Албанија. Дискрепанцата меѓу оваа близина и апсолутната ингноранција беше она што ме интересираше, патував во Албанија пред десет години. За да се решиш да раскажуваш приказна за некоја земја потребно е сепак време“, вели режисерот Набер.

Тој признава- ова е класична приказна за еден мигрант, барател на азил, филмот нема аспирација да пронајде повторно тркало, да го пронајде наново киното.

Szene aus dem Film Der Albaner

Режисерот Набер ја претставува целата живописност на албанската природа

Среќата не е секогаш некаде далеку

Јунакот во филмот, Арбен, на гледачите меѓутоа им открива поинаква перспектива врз Германија, која треба да биде прифатена. За Албанецот, неговата земја е поврзана со ориентација, тој ја познава неа, со него го врзуваат позитивни емоции. А Германија за Арбен е земја каде не може да се ориентира, каде постојат места и случки во кои човек запаѓа, а не знае каде е, тука за него владее дезориентација. Тоа е стилски контраст меѓу Албанија и Германија.

Во филмот режисерот Набер затоа ја претставува целата убавина на природата во Албанија, наспроти сивата реалност во Германија. Дали тоа е направено свесно, да се потенцира и наметне прашањето-во Албанија, во татковината и не етолку лошо, во Германија очекуваат само проблеми? Набер признава -„Тоа е можно толкување, но не сакав да кажам-останете сите во Албанија, не доаѓајте овде! Но, длабоката морална порака на филмот е таа дека среќата не треба секогаш да се бара во далечината, човек понекогаш треба да се сврти околу себе, да се увери дали среќата можеби не е многу поблиску отколку што мислел“, истакнува германскиот режисер Јоханес Набер.

Автор: Јохен Киртен/ Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски