1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Акција против вооружени криминални групи на Шара

Повеќе од шест часа на падините на Шара,во и околу селото Бродец трае акцијата на специјалните полициски единици за разбивање на криминалната група која веќе четири месеци е лоцирана во ова и околните тетовски села.

default

Шар планина:потрага по вооружените

Досега нема пријави за повредени меѓу припадниците на МВР,ниту кај цивилното население ниту кај членовите на вооружената група,изјави портпаролот на МВР Иво Котески.Извори во Службата за државна безбедност тврдат дека таа група не брои повеќе од педесетина лица.Меѓу нив се покрај другите и Лирим Јакупи,познат под прекарот Нацист,и другите во август избегани затвореници од косовскиот затвор Дубрава,како и други лица од Косово.

Пред неколку дена во тетовското село Одри од сеуште неидентификувани лица беше убиен во престрелка Џавид Морина,еден од бегалците од затворот Дубрава.

Потпирајќи се на извори од локалното албанско население,како и од полициски извори,припадниците на оваа група на почеток наишле на одбивање кај жителите од Бродец да бидат примени и да им се дадат засолниште,храна и друга логистичка поддршка.