1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Акција за ослободување на заложниците - Јужнокорејци

*

Авганистанските безбедносни сили и странските трупи започнаа воена акција за ослободување на киднапираните 23-ца Јужнокорејци. Претставник на радикално-исламските Талибанци, во чии раце веќе неколку денови се заложниците, од кои 15 се жени, се закани со нивна смрт, ако до денеска навечер не бидат ослободени сите исламисти затворени во Кабул.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун апелира до авганистанскиот претседател Хамид Карзаи лично да се заложи за ослободување на грабнатите странци. Во Кабул денеска допатува и делегација на јужнокорејската влада за да работи врз изнаоѓање решение за заложничката криза.